Утрински Весник
Македонија

За само 4 часа со т.н. ноќен радар „фатени“ 200 возачи кои возеле над дозволената брзина

За само 4 часа со т.н. ноќен радар „фатени“ 200 возачи кои возеле над дозволената брзина

Синоќа во периодот од 21.00 (28.07.2021) до 01.00 (29.07.2021) часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што беа санкционирани 200 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат 

Мицкоски: Во услови на криза и наследени проблеми имаме највисок раст на БДП во регионот и гледано просечно по квартали тој е два пати подобар од времето на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Бедните 7% за платите со кои мафта Мицкоски се веќе изедени од покачените цени