Утрински Весник
Економија

За преработувачите не е прифатлив предлогот за зголемување на акцизата на горивото

Поповолни очекувања во преработувачката индустрија, повеќе нарачки и вработени

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – За Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) не е прифатлив предлогот на Стопанската комора за зголемување на акцизата на екстра лесното гориво, бидејќи тоа ќе влијае на зголемувањето на производствените трошоци, а со тоа ќе се намали и конкурентноста на производите наменети за извоз.

– Екстра лесното гориво (ЕЛГ) е многу важен енергенс кај поголемиот број од преработувачките капацитети – голем дел од нив се лоцирани во рурални средини и не можат да користат алтернативно гориво, ниту пак во скоро време ќе бидат опфатени со гасификацијата, се вели во денешното соопштение.

Од МАП посочуваат дека ниската цена на горивата во моментот нема значење за индустријата бидејќи нивните главни преработувачки активности се во летните и есенските месеци кога, како што велат, цената на горивата ќе биде многу повисока. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија