Утрински Весник
Македонија

За првпат објавен конкурс за стипендии за докторски студии во висина од 18.000 денари месечно

Од академската 2021-2022 година Министерството за образование за првпат ќе воведе стипендии за докторски студии во државата.

Според МОН, со ова се излегува во пресрет на потребите и барањата за економско олеснување на оние кои одлучуваат да продолжат на трет циклус на студии на домашните високообразовни установи.

Конкурсот е веќе објавен и може да се погледне на следниот линк.

„Воведени се 15 стипендии за студии од трет циклус во земјата од научно подрачје природно – математички науки (поле биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика) и технички технолошки науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство), со месечна стипендија од 18.000 денари за дванаесет месеци во годината“, се наведува во соопштението од МОН.

Од таму ги охрабруваат заинтересираните кандидати да ги разгледаат условите и да аплицираат доколку истите ги исполнуваат.

Постапката за аплицирање е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk.

Кандидатите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука.

Поддршка при аплицирањето обезбедува Секторот за наука и иновации. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор се наведени на следниот линк.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово