Утрински Весник
Магазин

За првпат маж на насловната на „Вог“

За првпат маж на насловната на „Вог“

На насловната страница на декемвриското издание на познатото модно списание „Вог“ за првпат се појави само машки лик, а станува збор за Хари Стајлс, поранешниот пејач на групата „Уан дирекшн“.

Младиот пејач се фотографираше во фустан и изјави дека како дете сакал фенси фустани, па дури и дека како многу млад носел хулахопки за (училишна претстава)“, според Си-ен-ен.

По распаѓањето на групата, Стајлс започнал соло кариера и почнал да покажува голем интерес за високата мода во 2015 година и да присуствува на модни ревии.

Тој често носел необична облека и експериментирал со сопствената сексуалност и имиџот на стрејт маж кој го градел во денешниот свет и не се плаши да носи парчиња облека што традиционално се резервирани за жени.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Како изборот на храна влијае врз здравјето на цревата?

Пет хороскопски знаци со најголеми шанси за голема љубов во 2026 година

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста