Утрински Весник
Магазин

За првпат во цртана серија на „Дизни“ има ЛГБТ главен лик, станува збор за бисексуално девојче

За првпат во цртана серија на „Дизни“ има ЛГБТ главен лик, станува збор за бисексуално девојче

„Дизни“ го доби првиот главен лик во цртана серија кој е бисексуалец, благодарение на серијата The Owl House, која се прикажува на каналот „Дизни“, пишува „Дејли Мејл“.

Авторката на серијата Дана Терас на „Твитер“ откри дека главниот лик во серијата, девојче со доминиканско-американско потекло по име Луз Носеда, е дефинитивно бисексуална.

The Owl House првпат беше прикажана во јануари. Серијата се занимава со 14-годишно девојче, кое наоѓа вратата од магичен свет и се обидува да го исполни својот сон да стане вештерка додека престојува таму.

Во претходните епизоди, Луз ја привлекувале момчиња, но во неодамна емитуваната епизода Enchanting Grom Fright, Луз започнала да го истражува својот однос со друга ученичка во училиштето, Емити Блајт. Во таа епизода, Емити вели дека има чувства кон Луз и сака да ја замоли да оди со неа на Гром, настан налик на матурска вечера. Додека се таму, двете девојки танцуваат заедно.

Во своите објави на „Твитер“, Терас потврди дека Луз е бисексуална и рече дека се борела за тоа во нејзината серија да бидат претставени квир деца, со желба за истражување. Терас (29) изјави дека направила епизода со матурска вечер за да надомести за сопствените искуства.

„Бев многу отворена во намерата да имам квир деца во серијата. Лажам многу лошо, така што ќе ми беше тешко тоа само да го протуркам во серијата, без да го истакнам“, рече таа. Додаде дека некои лица од продукцијата на „Дизни“ првично се спротивставиле на идејата, но на крајот ја прифатиле.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста