Утрински Весник
Македонија

За првпат воведена имунимодуларна терапија на Клиниката за хематологија

За првпат воведена имунимодуларна терапија на Клиниката за хематологија

На Универзитетската Клиника за хематологија воведена е нова метода за лекување пациенти со имуномодуларна терапија.

Од Министерството за здравство велат дека ова е уште еден исчекор во модернизирање на лекувањето на пацинетите на оваа Клиника, но и инвестиција во квалитетен здравствен систем за граѓаните.

За овој начин на лекување нашите пациенти претходно одеа да се лекуваат надвор од нашата земја, а фотоферезната имунолошка клеточна терапија популарно наречена фотофереза отсега им е достапна на Клиниката за хематологија. Станува збор за специјална машина во која дел од крвта на пациентот се тертира со специјален фотосензитивачки лек и потоа се изложува на специфична светлосна комора во која се активира. Крвта потоа се враќа назад и делува во организмот.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска беше во посета на пациент врз кој се вршеше оваа терапија, а новата метода на лекување ја спроведува стручен тим на Клиниката, предводен од директорката на Хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис.

За усовршување на овој начин на лекување со медицинскиот тим на Хематологија работи едукатор од Германија.

Имуномодулаторна терапија, нуди надеж за болните кои страдаат од Т-клеточни лимфоми, пациенти кои развиваат акутна или хронична форма на болеста GVHD, за лекување определени имунолошки болести и состојби како системска склероза, кронова болест. Со фото-имуната терапија се тертираат и пациенти после трансплатација на солидни органи – срце и бели дробови, во случаи кај кои телото го отфрла органот. Клиниката за хематологија, освен во третманот на пацинети вложува и во едукација и усовршување на својот медицински персонал, од следниот месец медицински тимови од оваа Клиника ќе одат во Загреб, на едукација и усовршување на нови методи на лекување.

Министерството за здравство за Клиниката за хематологија, минатата година, обезбеди апарат за крио презервација, односно за смрзнување на крвни матични клетки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор