Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

За пожарот во Охис виновен кавадарчанец кој заварувал ограда во кругот на фабриката

За пожарот во Охис виновен кавадарчанец кој заварувал ограда во кругот на фабриката
Img 7972

Против едно лице од Кавадарци ќе биде поднесена кривична пријава за пожарот во кругот на Охис, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата во врска со пожарот за кој на 05.08.2021 околу 16.30 часот беше пријавено дека настана во кругот на фабрика на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, во кој беа опожарени покривот и таванот на административната зграда, кат од зградата на лабораторијата, трафостаница, багер, резервоар за вода и магацин за алат, сите во сопственост на правно лице, по ивршениот увид, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, на службен разговор во полициска станица беа повикани повеќе лица.

По преземените активности е утврдено дека С.А.(35) од Кавадарци, околу 16.00 часот, додека вршел заварување на ограда во кругот на фабриката, предизвикал пожар.

По целосно документирање на случајот против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик, соопштија надлежните.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја