Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.
Обвинетите постапиле спротивно на одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полициски час, како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на република Северна Македонија, се движеле на различни локации во градот. Притоа, се наведува, биле затекнати од полициски службеници.
Надлежното обвинителство на судот му предложило за сите обвинети да изрече парични казни од 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра, односно вкупни казни од по 800 евра во денарска противвредност. цр/ац/