Утрински Весник
Магазин

За овие четири хороскопски знаци најважно е задоволството на партнерот во креветот

Кога станува збор за задоволување на сексуалните потреби на партнерот, не е важно само вашето либидо – туку и што сте во хороскоп.

Знаците на зодијакот се единствени, особено кога станува збор за сексот. За некои од нив не е природно да се биде несебичен во креветот. Меѓутоа, давањето задоволство може да биде еднакво пријатно како и примањето, а некои хороскопски знаци, едноставно, се повеќе склони кон сексуална великодушност.

Овие четири хороскопски знаци се фокусираат на задоволството на партнерот во креветот, пишува „Пинквила“.

Овен
Овенот, еден од трите огнени знаци, е страстен и нестрплив и сака на својот партнер да му даде сè најдобро. Тие знаат што сакаат и кога сакаат. Доколку сте она што тие го сакаат, ќе имате партнер кој е исклучиво посветен да ви угоди во креветот – но, не очекувајте многу предигра. Луѓето родени во знакот Овен ќе го направат вашето искуство во креветот незаборавно.

Бик
Биковите ќе ви овозможат страстен и незаборавен момент и ќе мислат на сè. Под ова се мисли на вашите сетила. Тука спаѓаат свеќи, свилени чаршафи, многу допирање и секс во природа. Овој знак е во хармонија со сите сетила и ќе ве поттикне на секој начин.

Вага
Како знак со кој владее Венера, божицата на љубовта, сексот и убавината, Вагите се одлични партнери во креветот. Тие се романтични, приврзани и слатки. Тие се нежни и уживаат во истражувањето на телото на партнерот. Вагата го цени меѓусебното сексуално задоволство. Тие се отворени за сексуални експерименти и барем еднаш ќе пробаат сè.

Шкорпија
Шкорпиите се емотивни и амбициозни и овие квалитети ги внесуваат во нивното сексуално искуство. Тие може и да почувствуваат кои се вашите потреби. Многу често нурнуваат длабоко во вашата душа за да ги откријат сите ваши скриени желби, само за да ги исполнат со неверојатна вештина.

Шкорпиите често се исклучително селективни и имаат високи стандарди, па затоа ќе треба да го балансирате вашиот и нивниот сексуален и емоционален интензитет.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста