Утрински Весник
Македонија

За неносење заштитни маски викендот во Тетово казнети 75 лица

За неносење заштитни маски викендот во Тетово казнети 75 лица

Тетово, 15 јуни 2020 (МИА) – Во текот на викендот тетовчани добија казни за не носење на задолжителни маски за заштита со цел спречување на ширење на коронавирусот.

о текот на изминатото деноноќие,  според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за не носење заштитни маски на 75 лица  по што им се издадени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба, инфомираат од СВР Тетово.

Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на 144 луѓе, додека вкупно биле контролирани 530 лица со вакви решенија во изминатото деноноќие, исто така,  изјави за самоизолација потпишале вкупно 19 лица , а контролирани биле 120 лица со потпишани изјави за самоизолација.

 -Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните од тетовско-гостиварското подрачје целосно да ја почитуваат владината Уредба за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест предизвикана од „ковид-19“. Според оваа Уредба, секое домашно или странско физичко лице должно е да носи лична заштита при излегување надвор од својот дом, при движење на јавни места и површини од отворен или затворен тип, на пазари, во јавен превоз, при влез во затворени простории (продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично, потсетуваат од СВР Тетово. ас/бк/

 

                       

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова