Утрински Весник
Спорт

„За Левандовски ќе платите веднаш, бидејќи вие за една до две години нема да постоите“

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Раководството на фудбалскиот клуб Баерн Минхен летово ќе им го продаде Роберт Левандовски на Барселона само под услов парите од трансферот да бидат исплатени веднаш. Баерн не сака Барса да плаќа на рати.

dobivaj vesti na viber

Полскиот напаѓач неколку пати јавно изјави дека по секоја цена сака да го напушти Баерн ова лето. Од друга страна, Баварците не се желни да се откажат од него, но доколку бидат принудени на тоа до крајот на преодниот рок, за неговата слобода ќе бараат 50.000.000 евра.

Барселона веќе го контактирала, а Лева е подготвен да се пресели на „Камп Ноу“, но јасно е дека целата операција ќе биде тешка за реализација. Прво и основно – Барса во моментов нема пари за такво нешто. Тие пред неколку дена ги доведоа Френк Каси и Андрес Кристенсен без обесштетување и овие зделки во овој момент се најдобри за нив.

Доколку Френки де Јонг замине во Манчестер јунајтед, што е малку веројатно Џоан Лапорта ќе има пари, од кои дел може да му насочи на Левандовски.

И во тој случај желбата на Барселона е трансфеот на Левандовски да го исплаќа на рати. Во Минхен не размислуваат за оваа опција бидејќи „нивното раководство верува дека овој клуб нема да постои за година или две“!

Ова го изјави германскиот новинар Рафаел Хонигштајн во подкастот на „Атлетик“ „The Totally Football Show“. Затоа, доколку сакаат, Каталонците мора да ја платат потребната сума веднаш.

Познато е дека Барселона е во големи финансиски проблеми кои датираат уште од последното раководство на чело со Бартомеу, а Лапорта се обидува да ги намали трошоците и со влезот на новите спонзори да го намали долгот кој се проценува дека изнесува 1.300.000.000 евра.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028