Утрински Весник
Спорт

За Колина, топ-момент во кариерата е финалето во ЛШ, Баерн – Манчестер во 1999

За Колина, топ-момент во кариерата е финалето во ЛШ, Баерн – Манчестер во 1999

Легендарниот италијански фудбалски судија, Пјерлуиџи Колина, откри кој е топ-моментот во неговата богата кариера. Тој немаше дилема – тоа е легендарното финале во Лигата на шампионите во 1999 година меѓу Баерн Минхен и Манчестер јунајтед кога „ѓаволите“ дојдоа до титулата со два гола во последните моменти од средбата.

„Се играа последните 2 минути кога ги видов резервните фудбалери на Баерн како се подготвуваат да ја слават титулата. Навивачите беа среќни, очекуваа нивниот тим да биде крунисан со пехарот во ЛШ. Изненадно, Јунајтед постигна 2 гола за 2 минути и поведе со 2-1. Никогаш нема да заборавам како англиската страна на стадионот вреска со сета сила, беше како да рикаат лавови, а на страната на Баерн беше гробна тишина. Играчите на Манчестер хистерично го славеа вториот погодок кога видов фудбалер на Баерн како безнадежно лежи на тревата, разочаран (дефанзивецот Самуел Куфур). Му пријдов и не знаејќи што друго да му кажам, му реков `станувај и бори се, имаш уште 20 секунди’“, рече Колина.

Екссудијата објасни дека многу научил од тој момент.

„Тогаш го видов вистинското лице на фудбалот, смрт или живот на стадион, луѓе што лудачки слават и оние што како да беа осудени на смрт“, заклучи Италијанецот.

> За Колина, топ-момент во кариерата е финалето во ЛШ, Баерн – Манчестер во 1999 <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина