Утрински Весник
Спорт

За Жозе не постои нешто како „пријателски“ меч – хаос на дуелот со Бетис

За Жозе не постои нешто како „пријателски“ меч – хаос на дуелот со Бетис
Dik 300x250 mk

Жозе Мурињо покажа дека за него не постојат пријателски мечеви, откако доби црвен картон на саботниот дуел со Реал Бетис, пред Рома да загуби со 5:2.

При резултат 2:2, Алекс Морено даде бизарен гол за Бетис, откако Роџер Ибањез наместо додавање ја погоди сопствената пречка, пред Морено со повеќе делови од телото да ја поттурне топката во голот. Мурињо сметаше дека има игра со рака, и по хаосот, тој и Лоренцо Пелегрини добија црвени картони.

Потоа, уште Џанлука Манчини и Рик Карсдоп добија црвени за „волчицата“ да остане со 8 играчи на теренот. Уште поневеројатно ова е трета пресметка на терените на мечетвите на Рома во само два меча, најавувајќи дека кога ќе почне сезоната, „волчицата“ ќе „гризе“.

> За Жозе не постои нешто како „пријателски“ меч – хаос на дуелот со Бетис <

Можете да прочитате

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување

Победа за македонските млади ракометари на квалификациите во Луксембург

По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018