Утрински Весник
Македонија

За една недела санкционирани 261 непрописно паркирани возила

За една недела санкционирани 261 непрописно паркирани возила

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје санкционираа 261 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од 17 до 23 февруари, како што соопштува ПОЦ, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 173 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 88 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.бт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФБИ алармираше, МВР реагираше: Спречен можен терористички напад во Тетово

Пронајдено оружје при претрес во тетовско, лишени од слобода две лица, едниот на интернет се заканувал дека ќе изврши масовно убиство 

Македонија првпат доби екстрадиција од Дубаи – осуденик вратен во земјата