Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

За една недела отстранети 218 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Минатата недела санкционирани 182 непрописно паркирани возила во Општина Центар
Img 7972

Скопје, 22 февруари 2020 (МИА) – Во текот на изминатата недела подигнати се 218 возила од јавните површини со специјалните возила пајак, соопшти Град Скопје.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 36 биле отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 182 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци – паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

– Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 352 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето, се вели во соопштението.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб-картичка, додаваат од Град Скопје. мс/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ