Утрински Весник
Македонија

За една недела казнети 255 непрописно паркирани возила во Општина Центар

За една недела казнети 255 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 255 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 05.10. до 11.10.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 124 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 131 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кукуновски за 24 Инфо: Граѓаните од Чучер Сандево сами го спасија манастирот од пожарот

Фатен на дело: 57-годишен маж подметнал пожар во Ѓорче Петров

Бујар Османи: Размислувам за кандидатура за Чаир