Утрински Весник
Македонија

За една недела казнети 192 несовесни возачи во општина Центар

За една недела казнети 192 несовесни возачи во општина Центар
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) во соработка со оваа скопска општина и сообраќајната полиција минатата недела санкционирале 192 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Поточно, во периодот од 17 до 23 август, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети биле 94 непрописно паркирани возила, а со поставување на блокатор санкционирани биле 98 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ПОЦ и општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски утре во работна посета на Кавадарци

Со концертот во Крива Паланка заврши празничниот караван „Нека трепка“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не одговори дали Филипче е со лидерот Заев во Гармиш-Партенкирхен