Утрински Весник
Македонија
Img 7972

За еден ден казнети 788 возачи за брзо возење во Македонија

За еден ден казнети 788 возачи за брзо возење во Македонија
300x250 opst2

Полицијата за еден казни 788 возачи за брзо возење на територија на цела држава.

Во текот на вчерашниот ден (03.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Казнњти се 788 возачи.

Од нив, 111 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Младиот Кико од Кочани се бори со најтешката болест – да му помогнеме!

Неготинец тешко повреден додека работел во хала на стопански комплекс

Приведени две Италијанки на Табановце, носеле 186 семки канабис и марихуана