Утрински Весник
Македонија

За еден ден казнети 128 возачи кои не пропуштиле пешаци на пешачки премин

За еден ден казнети 128 возачи кои не пропуштиле пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

Санкционирани се 128 возачи, од кои 70 на територија на Скопје. При акциската контрола санкционирани се и 208 друг вид на сообраќајни прекршоци. Само на територија на Скопје се изречени и 12 санкции за пешаци кои не поминувале на пешачки премин.

„Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, велат од МВР.

Министерството  и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово