Утрински Весник
Македонија

За два дена струмичани купија 208 велосипеди со субвенции од Општината

За два дена струмичани купија 208 велосипеди со субвенции од Општината

Струмица, 3 јуни 2020 (МИА) – За два дена од објавувањето на јавниот повик двесте и осум граѓани поднеле апикации за субвенционирање за купување нов велосипед, соопштија од Општина Струмица.

-Комисијата формирана специјално за оваа намена ќе ги разгледа пристигнатите апликации, по што јавноста ќе биде информирана за искористеноста на средствата од планираниот буџет во висина од 800 илјади денари, информираат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, завчера соопшти дека субвенцинирањето е до максимални четири илјади денари по купен велосипед, односно до исцрпување на средствата кои се определени за таа намена. Јавниот повик се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.рт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Средба Николоски – Ле Риголер: Работиме на унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Франција

Арсовска удри по Ѓорѓиевски: По Висар, ќе дојде редот и на Кисела Вода!

Листа на најдобри појадоци во светот: Македонскиот зелник на 20. место