Утрински Весник
Македонија

За време на пандемијата во Гевгелија склучени 14 бракови

За време на пандемијата во Гевгелија склучени 14 бракови

Гевгелија, 15 април 2020 (МИА) – Од почетокот на пандемијата со коронавирусот до денеска во Гевгелија се склучени 14 од вкупно 25 бракови колку што се заведени годинава во матичната книга, соопштија од подрачното одделение на Управата за водење на матични книги во Гевгелија.

Последната регистрација, посочија, се случила деновиве, поточно на 10 април меѓу девојка од Скопје и момче од Гегелија што значи дека коронавирусот ги одложи свадбените веселби, но не и регистрациите, кои со одредени рестрикции поради почитувањето на мерките за заштита од ширење на инфекцијата, се одвиваат нормално.

Единствената рестрикција, велат, е ограничениот број за присуство на церемонијата на само пет лица за да се запази социјалната дистанца, а тоа се двајцата што стапуваат во брак, двајцата сведоци и матичарот. им/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Медитерански влажен бран ни носи нови дождови и снегови во Македонија

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија