Утрински Весник
Свет

За влез во Грција ќе се бара задолжителен ПЦР тест и од вакцинираните

За влез во Грција ќе се бара задолжителен ПЦР тест и од вакцинираните

Од недела, 19 декември, секој што сака да влезе во Грција ќе мора да има негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, соопшти денеска тамошното Министерството за здравство.

Ова, како што се наведува, важи и за вакцинираните лица и е дел од напорите да се сузбие ширењето на пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Омикрон варијантата на коронавирус е откриена во 77 земји откако за прв пат беше идентификувана пред три недели, што предизвика загриженост во многу земји дека бројните мутации на овој сој ќе придонесат да се шири побрзо и да ја избегне заштитата што ја обезбедуваат вакцините против Ковид-19.

Можете да прочитате

Фицо: Доколку Орбан победи на изборите ќе има обиди да се доведе во прашање неговата победа

Велика Британија ќе предводи коалиција за расчистување на Ормуската Теснина

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма