Утрински Весник
Македонија

За викендот врнежи, од понеделник повторно стабилизирање на времето

За викендот врнежи, од понеделник повторно стабилизирање на времето

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека утре попладне, во вечерните часови и задутре земјава ќе биде зафатена од влажна воздужна маса, поради што се очекуваат врнежи. Врнежите ќе бидат пообилни во недела.

-Утре во текот на денот облачноста ќе се зголеми, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Во недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса врнежите ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен, и на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег, соопшти УХРМ.

За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура од недела зачително ќе опадне за повеќе од 10 степени.

Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето. мч/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Од минималната плата од 8 илјади во 2017, сега стигнавме до 24 илјади денари

Вкупно три лица повредени во две сообраќајки во кичевско

Мицкоски: Би било лудо ако како Влада прифатиме изградба на тунел без излез, а притоа истиот да чини 800 милиони евра