Стапи на сила забраната за шетање, возење велосипеди и моторцикли, четвороколки како и движење на излетничките места на територија на Националниот парк “Галичица” за сите граѓани како мерка за спречување на ширење на епидемијта на корона вирусот.
Националниот парк „Галичица“ постапувајќи во врска со заклучоците од 14. седница на владата од 13. април за спречување на внесување и ширење на корона вирусот информираше дека ги презема следните мерки:
1. Се забранува движење и групирање на излетничките места, местата за рекреација во Паркот како и во шумите.
2. Се забранува движењето во викенд населби во периодот на забраната и посебен режим на движење за престојните Велигденски празници.
3. Шумочуварската служба на Паркот во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе ги интезивира контролите на овие места.
4. Шумочуварската служба ќе ја зголеми контролата на влезовите на паркот и за влез со возила како и влезовите за пешачките и велосипедските патеки.
„Со овие мерки се придонесува за намалување на опасноста од ширење на заразата. Затоа ги повикуваат сите граѓани на Охрид и државата да се придржуваат кон сите мерки донесени од Владата за што побргу да се совлада ова зло“, апелираат од Националниот парк „Галичица“.