Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

За вакцинираните влез во Србија без тест и карантин

За вакцинираните влез во Србија без тест и карантин
Img 7972

Постојните мерки нема да бидат олеснети, беше одлучено денес на седницата на Кризниот штаб на Србија. Состанокот заврши со ставот на медицинскиот дел дека нема да има отворање на трговски центри и кафулиња.

Во иднина српските државјани кои живеат во странство, како и странците, не мора да бидат во карантин, доколку се целосно вакцинирани со вакцини од Србија.

„Сите што ќе бидат целосно вакцинирани, со потврда за вакцинација и потврда од Србија, ќе можат да влезат во Србија без ПЦР-тест и без изолација како што беше досега“, рече покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ.

Според него, истата состојба е и со странците.

„Ситуацијата е иста и со странците ако се целосно вакцинирани со вакцини од Република Србија, односно со две дози на ‘Фајзер’, две дози на ‘спутник В’, две дози вакцина на ‘Синофарм’. Се подразбира дека и една доза на ‘Астразенека’ е еднаква со овие три вакцини“, рече Гојковиќ.

На денешната седница беа донесени нови мерки кои влијаат на работата на училиштата. Имено, учениците ќе можат да доаѓаат на училиште во помали групи, да ги подобруваат своите оценки и да се оценуваат.

Сите мерки што важеа досега остануваат до ново известување, што значи дека трговските центри и угостителските објекти се затворени и оваа недела.

Можете да прочитате

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија