Утрински Весник
Македонија

За брзо возење казнети 566 возачи на територијата на цела држава

52 возачи казнети за брзо возење на автопатот Скопје-Велес

Во текот на вчерашниот ден Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 566 возачи.

Од нив, 75 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот