Утрински Весник
Политички Партии

Зајкова: ЕК го разгледува предлогот за бесплатен роаминг за Западен Балкан

Зајкова: ЕК го разгледува предлогот за бесплатен роаминг за Западен Балкан

“Европската комисијата ја разгледува можноста да ги вклучи земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија во зоната “роаминг како дома” на ЕУ”, вели пратеничката и потпретседателка на ЛДП Моника Зајкова.

“По иницијативата која ја предложив викендов за бесплатен роаминг Западен Балкан во ЕУ во денешниот разговор со комесарот Оливер Вархеји добив одговор дека веќе се разгледува можноста за нивно вклучување во европскиот телеком систем. Тоа ќе биде нешто конкретно што би го направиле за граѓаните да ги почувствуваат придобивките од евроинтеграциите во секојдневието”, додава Зајкова.

Според неа на овој начин секаде во Европа би имале бесплатен пристап до интернет.

“Се надевам наскоро ќе реализираме повеќе иницијативи изнесени викендов на либералната конференција ,,Нов наратив за забрзана интеграција во Европа”, која беше организирана од страна на Renew Europe од Западен Балкан“, истакна Зајкова.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт