Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Зајакната безбедноста на „Шарите“ по подобрувањето на состојбата на Навални

Зајакната безбедноста на „Шарите“ по подобрувањето на состојбата на Навални
300x250 opst2

Полицијата го зајакна обезбедувањето во берлинската болница „Шарите“ бидејќи рускиот блогер Алексеј Навални, кој се наоѓа на лекување таму, сега може да разговара и веројатно се сеќава на деталите за тоа што се случило пред да падне во бесознание во авионот, пренесува ТАСС.

Полицијата не ја потврдила оваа информација.

„Не знаеме за овој напис, затоа не можеме да даваме никакви коментари. Подоцна ќе обезбедиме информации“, рекле од полицијата.

Болницата не ја коментираше состојбата на Навални поради доверливост. „Шпигел“ пишува дека клиниката ја зајакнала безбедноста бидејќи Навални ќе може да прими повеќе посетители откако ќе се подобри неговата состојба.

Навални беше пренесен во локалната болница во сибирскиот град Омск на 20 август откако му се слоши за време на летот Томск-Москва. Тој падна во кома и бил ставен на вентилатор во Одделот за интензивна нега. На 22 август бил пренесен со хеликоптер во Берлин и примен во болницата „Шарите“.

Минатата недела, германската влада тврдеше дека испитувајќи ги примероците земени од Навални, токсиколозите од Бундесверот дошле до заклучок оти тој бил отруен  со токсичен агенс од групата „новичок“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија останува подготвена за каква било соработка со Германија и посочи дека не биле откриени отровни материи во системот на Навални пред неговото пренесување во Берлин.

На 7 септември, лекарите на германската клиника објавија дека Навални е разбуден од медицински предизвиканата кома и се одвикнува од механичка вентилација.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства