Утрински Весник
Македонија

Заштитни маски за месните и урбаните заедници во Делчевско

Заштитни маски за месните и урбаните заедници во Делчевско
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Делчево, 24 април 2020 (МИА) – До делчевските месни и урбани заедници доставени над 1000 заштитни маски за лице за повеќекратна употреба. Заштитните маски како што информираат од Општина Делчево, се донации од хумани фирми и поединци од Делчево.
-Следејќи ја препораката од Владата на РСМ за задолжително носење заштитни маски за лице со цел заштита од заразата со Ковид-19, денеска до месните и урбаните заедници општината достави над 1000 заштитни маски за лице за повеќекратна употреба. Благодарност до хуманите поединци и фирми од општината кои ја обезбедија оваа донација, информираа надлежните.
Дистрибуцијата на заштитни маски, како што додадоа, ќе продолжи и наредните денови.
-Досега распределени се околу 5000 заштитни маски, а мобилни екипи во неколку наврати дистрибуираа средства за заштита меѓу нив и заштитни маски и дезинфекциски средства, додадоа надлежните.
Донацијата како што дополнија е распределена до сите институции кои во овој период на вонредна состојба се активни и работат на превенција и заштита на населението од појава на заразата од коронавирусот, како и на фирми, здруженијата на граѓани и слично. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево

Променливо облачно, дожд и снег во југозападните делови од државата

Сообраќајот се одвива непречено, намалена видливост на планинскиот превој Ѓавато и во Крушево