Утрински Весник
Македонија

Заштитни маски, визири и сапуни ќе бидат донирани во Општина Тетово

Стапи во сила уредбата за задолжителна заштитна опрема, опомени до 30 април, потоа казни
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Заштитни маски за лице, визири и антибактериски сапуни на природна база ќе добие денеска Општина Тетово. Станува збор за донација на Центарот за управување со промени – ЦУП и негови партнерски организации.

Предвидено е Општината Тетово донираните маски за лице да им ги подели на граѓаните, со цел да се обезбеди нивна поголема заштита и превенција од ширење на коронавирусот, визирите за лице се наменети за полицијата во Полошкиот регион, додека антибактериските сапуни се наменети за дерматолошки клиники кои се во директен контакт со лица со кожни заболувања, за кои се наменети сапуните на природна база, информираат од ЦУП.

Посочуваат дека во рамки на проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област“, финансиран од Европска Унија, пренамениле дел од буџетот со цел да дадат свој придонес во справувањето со Ковид-19 во земјава, како и економски да го поддржат женското претприемништво во регионите Полог и Елбасан. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори на чие име е станот во Дубаи

Намалена видливост на Стража и патот Тетово – Попова Шапка

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Сценаријата за наше рушење нема да ви успеат