Утрински Весник
Македонија

Заштитни визири за Здравствениот дом во Крушево

Заштитни визири за Здравствениот дом во Крушево

Крушево, 3 април 2020 (МИА) – Околу 300 заштитни визири доби Здравствениот дом во Крушево, донација преку Општината, а ги изработуваат неколку волонтери и ентузијасти од градот.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, визирите се наменети за медицинскиот персонал во Здравствениот дом, а и за други служби.

-Визирите се за потребите на најизложените служби како Здравствениот дом, Итната медицинска помош, за лабораторијата, за сите приватни ординации во општината, за полицијата и за крушевските пожарникари, рече Христоски.

Крушевскиот здравствен дом дополнително ќе добие и заштитни скафандери за прифаќање итни случаеви со симптоми на вирус. Досега во Крушево нема заболени од коронавирус. ем/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АХВ: Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците

Чудните претскажувања на господинот Насер Селмани

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?