Фудбалерите на Кристал Палас со 1-0 го совладаа Саутемптон во вториот денешен меч од првото коло во Премиерлигата.
Екипата на Рој Хоџсон одигра одличен меч, а јунак на натпреварот беше Вилфред Заха кој беше стрелец на единствениот погодок за стартни 3 бода.
Одбраната на Саутемптон изгуби една топка на својата половина, Таусенд истрча контранапад, го проигра Заха кој рутинирано погоди за 1-0 уште во 13 минута.
До полувремето Палас имаше неколку можности за зголемување на предноста, но благодарение на Алек Мекарти остана 1-0.
Саутемптон беше подобрата екипа во второто полувреме, но немаше завршница на акциите.
Заха во 83 минута погоди и по вторпат, но судијата по консултација со ВАР собата голот го поништи поради офсајд.
Бодовите кај Палас останаа и благодарение на голманот Гуита кој во 95 минута со фантастична одбрана ја зачува својата мрежа по ударот на Ингс.
> Заха е јунакот на Палас, го реши Саутемптон за стартни 3 бода <