Утрински Весник
Спорт

Заха: Деградирачки е што клечиме пред секој натпревар

Заха: Деградирачки е што клечиме пред секој натпревар

Ѕвездата на Кристал палас, Вилфрид Заха вели дека е деградирачки што фудбалерите стојат на колено секој натпревар во знак на поддршка на Black Lives Matter и расната неправда, бидејќи не мора да се стои на колена за да се покаже дека некој вреди.

„Целата работа со клечењето… Зошто морам да клечам да покажам дека значам нешто? Зошто морам да носам маичка Black Lives Matter за да покажам дека значам? Тоа е деградирачки. Сега сите сакаат да ме викнат да зборуваме за BLM и ги одбивам бидејќи така само ќе можат да кажат дека Заха зборува за нас. Нема да зборувам ако работите не се менуваат, само за да зборувам. Затоа не ми кажувајте да зборувам, туку сменете го тоа“, вели Заха.

28-годишниот поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, минатиот јули беше предмет на расистички пораки пред мечот со Астон вила, по што беше уапсено едно 12-годишно момче.

„Тоа не беше првпат да добивам такви пораки, ниту сум првиот кој добива такви пораки. Не е доволно да си згрозен од пораките и да одиш понатаму. Потребна е промена, едукација и акција“, додава Заха.

> Заха: Деградирачки е што клечиме пред секој натпревар <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо