Утрински Весник
Свет

Захарова: Протерувањето е одговор на непријателските акции на Прага

Захарова: Протерувањето е одговор на непријателските акции на Прага

Портпролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова оцени дека протерувањето на чешките дипломати од Русија е адекватен одговор на „агресивните и непријателски активности на Прага“.

„ Јас би ги опишала постапките на Чешка како агресивни и непријателски расположени и ние реагираме на ваквите постапки“, рече Захарова во интервју за телевизијата РБЦ, а пренесе ТАС С.

Чешките власти протераа 18 руски дипломати кои тврдат дека учествувале во руска воена разузнавачка операција во 2014 година, кога експлозија беше поставена во складиште за муниција во Врбетице, при што загинаа две лица.

Москва негираше дека биле вмешани некој од нејзините агенти во експлозијата, а како одмазда протера 20 вработени во амбасадата на Чешка во Москва.

Можете да прочитате

Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на над 800 лица

Средба Путин – Ердоган во Кина

Научна асоцијација: Израел извршува геноцид во Газа