Утрински Весник
Свет

Захарова: Ова не почеток на војна, туку обид да спречиме светска војна

Захарова: Ова не почеток на војна, туку обид да спречиме светска војна

Официјалната претставничка на руското МНР, Марија Захарова, коментирајќи ја ситуацијата со Украина, рече дека ова не е почеток на војна, туку обид да се спречи светска војна.

„Ова не е почеток на војна. Прво, тоа е многу важно. Нашата желба да спречиме развојот на настаните да доведе до светска војна. И второ, ова е крајот на војната“,  рече таа на каналот НТВ.

Претседателот на Русија, Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија соопшти дека донел одлука да започне специјална воена операција во Донбас. Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина. Путин ги предупреди и сите оние кои евентуално би можеле да се мешаат во ситуацијата во Украина дека тоа ќе им донесе тешки последици.

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија