Утрински Весник
Свет

Захарова: Имаме докази дека екстремисти се распоредени во Нагорно-Карабах

Захарова: Имаме докази дека екстремисти се распоредени во Нагорно-Карабах
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Русија од сопствени извори има сознанија за преместување на екстремисти во зоната на судирите во Нагорно-Карабах, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа одговарајќи на новинарското прашање на кои информации се потпира руското МНР кога вчера соопштило дека е недопустливо екстремисти да бидат распоредени на подрачјето на судирите, пренесе ТАСС.

„ Имаме такви докази. Такви информации ни се на располагање. Во целост сте во право. Таквите материјали се позајмени од социјалните мрежи и соодветни публикации, но во соопштението кое беше поставено на сајтот на Министерството за надворешни работи сигурно сме се потпирале на сопствени откритија, факти и извори“ рекла Захарова.

Соопштението, како што навела таа, предизвикало загриженост во Москва поради тие факти, но во конкретниот случај не сакала да открие детали, одговарајќи на прашањето кои земји користат екстремисти во судирите.

Руското Министерство за надворешни работи во соопштение вчера објави дека екстремисти од Сирија и Либија се прераспределени во зоната на судирите во Нагорно-Карабах.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарскиот олош

ФБИ нашле еден милион нови документи за Епштајн

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа