Утрински Весник
Свет

Захарова: Изјавите на САД за нови санкции немаат правна основа

Америка да се казни самата себеси поради Југославија, потоа да зборува за закон, порача Захарова

Изјавите на Вашингтон за нови санкции против Москва поради наводна употреба на хемиско оружје немаат правна основа, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Според неа, ваквите изјави се обид да се спинува прашањето со цел да се активираат санкциите за „Северен поток 2“.

„Соединетите Американски Држави ја промовираат својата агенда. Можеме да ги квалификуваме на различни начини. Во овој случај, оваа агенда, како и изјавите за воведување санкции за употреба на хемиско оружје и некои митски труења, немаат правна основа. И сето ова е проектирано за Северен поток 2 “, рече Захарова, пренесуваат руските агенции.

Според неа ваквите изјави на САД немаат правна основа, бидејќи не соодветствуваат ниту на американскиот закон за хемиско и биолошко оружје од 1991 година.

„За да се спроведе овој закон, мора да постојат неоспорни докажани факти. А ги нема “, потенцира Захарова.

Захарова истакна дека Вашингтон очигледно ги врзува антируските санкции со „чисто комерцијален проект“, што САД не успеаја да го запрат ниту со економски, ниту со политички средства.

„Како резултат на тоа, тие го користат својот омилен пристап, како што е притискање на копчето за санкции“, рече Захарова.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека Вашингтон подготвува нови санкции против Русија во врска со ситуацијата со Алексеј Навални, критичар на Кремљ.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд