Утрински Весник
Свет

Захарова: ЕУ секоја година и ветува на Украина дека ќе биде приклучена во нивните редови

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Изјавите на европските политичари дека Украина сè уште не може да бара статус на кандидат за членство во Европската унија се злобни кон Киев, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува РИА Новости.

Претходно италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека речиси сите поголеми земји од ЕУ се против давање на Украина статус на кандидат за членство во ЕУ.

– Тоа е многу злобно кон Украина. Зошто се такви кон Украина? Тие ветија дека Украина ќе им се приклучува секоја година во нивните редови. Секоја година им кажуваа дека „сега се половина чекор, уште половина сантиметар, уште еден милиметар поблиску до посакуваната цел што им ја наметнаа“ – тоа се европските интеграции – изјави Захарова за радио „Спутник“.

– Каде беа тие политичари кои сега ги убедуваат Украинците дека сè уште не се подготвени да ги примат, а Украина не е подготвена никаде да се приклучи, каде беа тие со истите тие изјави многу порано? – нагласи Захарова.

Претходно, спикерот на украинското МНР Олег Николаенко изјави дека Украина очекува во јуни да добие статус на кандидат за влез во Европската унија, со поддршка од европските земји.

Министерот делегат за европски прашања во француското Министерство за надворешни работи, Клемент Бон, рече дека процесот на пристапување на Украина во ЕУ може да потрае 15-20 години,пренесе Новости.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин