Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше изјавата на францускиот претседател за Белорусија, велејќи дека Макрон е лицемерен.
Захарова изјави дека претседателот на Франција, Емануел Макрон, треба да повика на поддржување на оние што протестираат во Европската Унија, а не на учесниците во протестите во Белорусија.
Според агенцијата ТАСС, Захарова на тој начин реагирала на изјавата на Макрон дека ЕУ мора да остане мобилизирана во давањето поддршка на учесниците во мировните протести во Белорусија, што избувнаа по претседателските избори на 9 август.
„Кога тој (Макрон) ќе ја повика ЕУ да се мобилизира со цел да поддржи стотици илјади демонстранти на протестите на ’жолтите елеци’, кои мирно сакаат да обезбедат почитување на нивните права, слобода и суверенитет?“, Напиша Захарова во објавата на „Фејсбук”.
„Кога ЕУ ќе почне проактивно да се мобилизира во знак на поддршка на протестите што се случуваат на нејзината територија?“, додаде таа, истакнувајќи дека повикот на Макрон е лицемерен.