Утрински Весник
Свет

Захарова: Време е да се изврши енергичен притисок врз Приштина

Захарова: Време е да се изврши енергичен притисок врз Приштина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека е време да се изврши енергичен притисок врз Приштина со цел да се повлечат специјалните полициски единици од северот на Косово и да се спречи ескалација на ситуацијата кон отворен конфликт.

Таа посочи дека Русија е загрижена за зголемените тензии на Косово, предизвикани од, како што кажа, неодговорните постапки на Приштина.

„Очигледно е дека настаните се развиваат според сценарио од лошо кон полошо“, оцени Захарова во коментар објавен на веб-страницата на руското МНР.

Таа посочи дека формирањето на Сојузот на српски општини, замислено како начин да се гарантира почитувањето на правата и интересите на Србите во покраината, останува „мртво писмо на хартија“ поради саботажата на Приштина.

Захарова оценува дека Приштина сака да воспостави целосна контрола на територијата на целата покраина, со помош на репресивниот апарат на, како што вели, самопрогласената држава Косово.

Можете да прочитате

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк

Абас: Признавањето на палестинската држава е чекор кон траен мир

Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан