Утрински Весник
Македонија

Захариева се надева дека Мешовитата комисија ќе продолжи да работи веднаш по завршување на изборите

Захариева се надева дека Мешовитата комисија ќе продолжи да работи веднаш по завршување на изборите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева се надева дека Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања ќе продолжи со својата работа веднаш по завршување на парламентарните избори во земјава.

– Нашата позиција е јасна. Не сакаме да ги политизираме комисиите. Тоа е двостран процес. Тука ситуацијата е предизборна и тоа не е тајна за никого. Се надевам дека кога ќе завршат изборите, независно што ќе се случи на нив, веднаш комисијата ќе продолжи да работи затоа што тоа е исполнување на договорот што го потпишавме и покажува зрелост независно кој е на власт, изјави Захариева, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот настан во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје.

Во врска со изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека кога ќе дојде на власт ќе направи корекции на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство со Бугарија, Захариева се надева дека ваквите изјави се дадени поради предизборниот период во земјава.

– Имаше такви најави, но се надевам дека тоа е во знакот на предизборната кампања, рече Захариева. бак/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ИРЛ отвора сериозни сомнежи: Жртвите во „Пулс“ можеби не починале од јаглерод моноксид

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

ЕВН за 24 Инфо: Дефектот во Серава последица на кражби на струја, денеска блокирана улицата Пластичарска