Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Захариева: Постапките на Скопје не ни даваат многу причини за оптимизам

Захариева: Постапките на Скопје не ни даваат многу причини за оптимизам
Img 7972

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева тврди дека позицијата на Бугарија кон Северна Македонија нема никаква поврзаност со изборите во нивната земја.

Во интервју за „24часа.бг“ таа рече дека бугарската позицијата по ова прашање е едногласно усвоена со декларација во парламентот, а 83,3 отсто од анкетираните Бугари, ја поддржуваат блокадата за Македонија во Европската Унија, сѐ додека не се постигне договор за иториското минато.

„Недамнешните постапки на Скопје не ни даваат многу причини за оптимизам. Нивниот евровизиски кандидат доби повеќе од 400 закани по животот оти рече дека имал бугарско државјанство. Дали е нормално во 21 век да не можете да кажете дека сте државјани на две земји? Или да стане збор за елиминирање од изборот поради тоа? Сѐ уште немаме објаснување од Скопје зошто нашето Министерство за надворешни работи треба да бара дозвола за увоз на бугарски книги. Тие сакаат да бидат членка на ЕУ, а не сакаат донација на книги од земја-членка. Да не ја споменувам кампањата за клевета против нас од страна на невладина организација во Словенија, тесно повзана со Владата во Северна Македонија“, рече Захариева.

Можете да прочитате

Дождливо време во Македонија, локално ќе наврнат над 20 литри дожд

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата