Утрински Весник
Македонија

Захариева: Од заеднички интерес е ние да ја признаеме вашата реалност, но нема да ги промениме условите

Захариева: Можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговорите за влез во ЕУ на Северна Македонија и Албанија

Скопје, 3 мај 2020 (МИА) – Од заеднички интерес е Македонија да ја признае историјата, а истовремено ние да ја признаеме нивната реалност во моментов, вели шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.

Таа за бугарската телевизија Канал 3 истакна дека Бугарија води мудра надворешна политика и нема да дозволи да биде искористена во предизборната кампања кај соседот, но нема ни да ги промени условите.

-Ние имаме интерес тие да ја признаат историјата, а во исто време ние треба да ја признеме реалноста во моментов, вели Захариева во врска со условите под кои Бугарија би ја поддржала земјава.

Запрашана дали е можно бугарско вето поради прашањата за историјата и јазикот, истакна дека тоа не е интерес на Бугарија.

-Ние имаме јасна позиција во однос на Република Северна Македонија, секогаш ќе ги поддржуваме, само под јасни услови, тие не се сменети. Изборите поминуваат, соседите остануваат. Географијата е најнепроменливото нешто во ваков непредвидлив свет, соседите остануваат. Ние имаме интерес и тие да ја признаат историјата, а истовремено, ние да ја признаеме реалноста во моментов. Тоа е взаемен интерес, изјави Захариева. бт/ац/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија