Утрински Весник
Македонија

Захариева: Не ни е целта да ги расипеме односите на Македонија со Србија

Захариева: Не ни е целта да ги расипеме односите на Македонија со Србија

Целта на Бугарија не е да ги расипе односите помеѓу Србија и Северна Македонија, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева во интервју за 24 часа.бг.

Сепак, таа вели дека е видливо оти Белград има силно влијание во Скопје и постои тенденција за приближување до српскиот јазик, бизнисот и институциите.

„Овој тренд не запре во последните 30 години и ова е разбирливо. Но, целта на Бугарија не е да ги расипе нивните пријателски односи. Нека бидат пријатели. Ние само сакаме да имаме пријателски однос со нас. Ајде сите да бидеме пријатели, да бидеме поврзани и да градиме заедно“, рече Захариева.

Министерката ги оцени како добри односите на Софија и Белград, издвојувајќи ја изградбата на автопатот кој ќе ги поврзува двете земји. Додаде дека бугарските власти во Србија секогаш го поставуваат и прашањето за бугарското малцинско таму, пристапот до образованието и учебниците на мајчин јазик, како и развојот на регионот.

Во однос на соработката со Скопје, таа нагласи дека не може повеќе да нема железничка линија помеѓу Бугарија и Македонија, како и бариери за бугарските компании.

„Со Република Северна Македонија се чини дека има нешто што не е доречено и завршено во последниве години, иако ова не е само во последниве години“, вели Захариева.

Таа понатаму додаде дека обидот да се претстави Бугарија како историски реваншист е крајно неприфатлив, бидејќи нашите проблеми се реални. Рече дека мора да се надминат недоразбирањата бидејќи не е во ред во 21. век да се победува на избори со кампања против соседни земји.

Захариева додаде и дека не сакала толку многу да се водат преговорите пред медиумите, што довело до тешка реторика, бидејќи потоа е тешко да се откажете од изговорените зборови.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации