Утрински Весник
Свет

Захариева: Нема да има вето ако Македонија ги признае бугарските корени

Захариева: Нема да има вето ако Македонија ги признае бугарските корени
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Северна Македонија кон членството во Европската унија, доколку не признае дека нејзиниот национален идентитет и јазик имаат бугарски корени, рече во интервју за Ројтерс, бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

„ Нашата загриженост доаѓа од бесконечните тврдења за македонско малцинство во Бугарија. Признавањето на бугарските корени ќе стави крај на ова “, изјави Захариева за Ројтерс.

Доколку Северна Македонија се согласи, Захариева рече дека Софија е подготвена да го признае македонскиот како еден од официјалните јазици на нејзиниот сосед и да признае македонски идентитет.

„ Ние не го оспоруваме нивното право на самоопределување, ниту нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат. Подготвени сме повторно да ги потврдиме моменталните реалности, но тие мора да ја признаат историската вистина “, рече таа.

Захариева потсети дека Бугарија, која својот прв период како ротирачко претседателство на ЕУ во 2018 година го насочила кон брз пристап на нациите од западен Балкан во блокот, може да стави вето на официјалното започнување на пристапните преговори со Северна Македонија следниот месец, освен ако двете страни не можат да го решат прашањето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ким и неговата ќерка отвораа хотели

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра