Утрински Весник
Македонија

Захариева: Да се слави Тито е исто како во Берлин да се слави Хитлер

Захариева: Да се слави Тито е исто како во Берлин да се слави Хитлер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, во интервју за германскиот весник „Велт“ го споредува претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито, со фашистичкиот диктатор Адолф Хитлер.

Во интервјуто насловено: „Како во Берлин да се слави денот на смртта на Хитлер“, Захариева вели дека не ѝ јасно како во Северна Македонија се слави 40-годишнината од смртта на „мрачниот диктатор Тито“, пренесе „Дојче веле“.

„Кон мене беа прилично брутални кога се осмелив да го искажам своето неразбирање затоа што ја славеа четириесетгодишнината од смртта на еден од најмрачните диктатори – Тито. За помалку од десет години тој убил речиси 1,7 милиони луѓе во поранешна Југославија. А тие таму го слават него. Градоначалникот на Скопје е партиски другар на Заев. Потоа веќе таму не бев толку популарна. Ама тоа е исто како градоначалникот на Берлин да дојде на идеја да го слави денот на смртта на Хитлер“, заклучува Захариева во интервјуто за „Велт“.

Прашана зошто нејзината земја го блокира почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, Захариева како причини ги наведе работата на историската комисија, инфраструктурата, а рече и дека имало многу чудни примери во С. Македонија со кои административно се блокирале инвеститори кои требало да отворат нови работни места.

Захариева тврди дека Софија не го негира јазикот и идентитетот на Македонците, туку обратно, тие ги негираат правата на Бугарите.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM се исплашени зошто се дозна дека лажат за мигранти, Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ не е неуставна

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

АХВ со 262 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња: утврдени само минимални недоследности