Утрински Весник
Македонија

Захариева во карантин, Османи и Димитров нема да одат во изолација

Захариева во карантин, Османи и Димитров нема да одат во изолација

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи нема да одат во изолација по извршената епидемиолошка проценка на ризик. Поради меѓународните контакти кои во иднина ќе ги има, Димитров ќе се тестира превентивно.

„Веднаш по добивањето на информацијата дека постои можност дел од бугарската делегација, која беше присутна на состанокот во Берлин, да е позитивна на COVID 19, СЕП се обрати до Комисијата за заразни болести, каде се изврши епидемиолошка проценка на ризик. Имајќи предвид дека сите мерки биле почитувани од страна на македонската делегација, односно сите претставници носеле маски и одржувале значителна дистанца, заклучокот од комисијата е дека нема ризичен контакт и дека нема да се издаде решение за изолација за ниту еден член на македонската делегација. Сепак, со оглед на тоа дека ЗПВРСМ Димитров во наредниот период ќе продолжи со интензивни активности и меѓународни контакти, ќе се изврши редовно превентивно тестирање на Димитров согласно проактивната политика за тестирање на СЕП“, информираат од СЕП.

Бугарското МНР соопшти дека вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева е во самоизлација и се чека резултатот од нејзиниот ПЦР-тест, откако заменик министерот Петко Дојков бил позитивен на брз тест за Ковид-19. На состанокот во Берлин во понеделникот на кој присуствуваа и вицепремиерот Никола Димитров и шефот на македонската дипломатијата, Бујар Османи заедно со претставници на Германија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа