Утрински Весник
Македонија

Захариева: Без црн ПР и со позитивно размислување Северна Македонија ќе постигне могу повеќе

Захариева: Без црн ПР и со позитивно размислување Северна Македонија ќе постигне могу повеќе
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Уверена сум дека со позитивно размислување и без црн ПР, Република Северна Македонија ќе постигне многу повеќе за да покаже дека ги прифаќа европските вредности и добрососедството. Ова го истакна поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

И таа денеска оставри средба со комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеј, кој утрово се наоѓа во посета на Софија, по што е предвидено да пристигне во Скопје.

Захариева, состанокот го оцени како плоден, а за Вархеји рече дека тој е еден од двигателите на проширувањето на Европската Унија и голем пријател на Бугарија, кој целосно ја разбира нивната посветеност кон Западен Балкан.

Захариева вели дека Бугарија е загрижена за тоа земјите-кандидати да се приклучат кон европското семејство како нереформирани, а во однос на односите со Македонија вели дека тие никогаш не ја повлекле подадената рака.

Претходно со Вархеји се сретна и со експремиерот на Бугарија, Бојко Борисов како и техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев.

Стоев по средбата со Вархеји и министерот за надворешни работи на Португалија, Августо Сантос Силва ги отфрли надежите, коментирајќи дека не може да се очекува промена во националната позиција на Бугарија во однос на Северна Македонија.

Предлогот на португалското претседателство за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, во Софија беше презентиран од страна на Силва и Вархеји. Бугарската новинска агенција БГНЕС претходно оцени дека во суштина станува збор за план што го враќа разговорот речиси една година наназад, односно за модификација на предлогот за кој се разговарало лани во Берлин, а таквиот предлог за Бугарија не е прифатлив.

Можете да прочитате

Жестока новогодишна ноќ: Двајца во животна опасност, уште многу повредени

Тројца приведени по инциденти во новогодишната ноќ во Охрид

Тргна годината со поскапа струја: Сметките растат до 900 денари