Немања Стоиљковиќ од Ниш беше сослушан во обвинителството за борба против високо-технолошки криминал.
Дваесет и пет годишното момче се сомничи дека бил администратор на групата во апликацијата Телеграм, објавуваат медиумите од регионот.
Се сомнева дека тој јавно ги објавил фотографиите и видеата со порнографска содржина настанати со сексуално искористување на малолетни лица.
„Осомничениот ја презентираше својата одбрана, која ќе се проверува во понатамошниот тек на кривичната постапка“, изјавија од обвинителството.
Обвинителството по сослушувањето достави предлог до судијата за претходна постапка на високиот суд во Белград дека на осомничениот му е определена мерка забрана за приближување, средба или комуникација со неколку конкретни лица, како и за посета на одредени места, кои се поврзани со извршување на кривичното дело за кое се товари, додаваат од оваа институција.
Тие исто така посочуваат дека обвинителството, заедно со полицијата, ќе продолжат интензивно да работат на утврдување докази за кривично дело и одговорност на лица, не само во врска со оваа група за комуникација преку социјалните мрежи, туку и за други лица за кои има информации за можни кривични дела.
Н.С. се товари за кривично дело прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетници за порнографија, соопшти вчера српската полиција.
За ова кривично дело, во зависност од начинот на извршување и последиците, казната би била до осум години затвор, пишуваат српските медиуми.