Утрински Весник
Македонија

Затворен угостителски објект во тетовско, приведен сопственикот и осум државјанки на Србија и Бугарија

Затворен угостителски објект во тетовско, приведен сопственикот и осум државјанки на Србија и Бугарија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полицијата приведе сопственик на угостителски објект во тетовско Жеровјане во кој биле затекнати гости и по 21 часот. Исто така, биле приведени и осум државјанки на Србија и на Бугарија, како и  две наши државјанки кои нелегално работеле во објектот.

Според информациите на МВР, вчера во 22.35 часот во угостителски објект во село Жеровјане, при спроведена акциска контрола од полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат биле затекнати околу 40 гости во објектот.

Биле приведени сопственикот на објектот Х.А.(31) од село Боговиње,тетовско, поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „Трговија со луѓе“, како и двајца гости во објектот И.Д.(30) од Тетово и Е.З.(21) од с. Горно Седларце бидејќи кај нив била пронајдена дрога.

Воедно во објектот биле затекнати и седум државјанки на Србија, една државјанка на Бугарија и две наши државјанки кои работеле во угостителскиот објект и истите биле приведени.

Објектот е затворен од Државениот пазарен инспекторат и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен